Saturday, April 21, 2007

Европски Конкурс за Сценарија!

Штотуку започна 6-тиот НИСИ МАСА Европски натпревар за сценарија!
Темата на овогодинешниот конкурс е “
Круг”!




Натпреварот е отворен за сите млади од Европа на возраст од 18 до 28 години, кои живеат во една од 19те земји во нашата мрежа. Што значи, сите вие сте добредојдени да ги испраќате своите сценарија на

nisimasa_macedonia@yahoo.com и на

НИСИ МАСА Македонија
ул. Пролет бр. 12/6
1000, Скопје
Македонија.
Крајниот рок за нивно испраќање е 31ви Јули, 2007.


Како и во претходните години, ќе бидат доделени 3 Европски награди, така што ќе добијат поддршка во продукцијата на кратки филмови според сценаријата, а 10 финалисти ќе бидат и поканети да учествуваат во работилница за сценарија во Јануари, 2008, во Франција.

Пред да ги испратите своите сценарија, Ве молиме прочитајте ги извештајот за печатот
(ќе мора да причекате 20тина секунди за download) и  правилата на натпреварот, бидејќи голем дел од правилата (па од таму и името) и нештата кои би требало да ги знаете за натпреварот се напишани во овие два документа.

Ние, во НИСИ МАСА Македонија, со нетрпение ги чекаме вашите сценарија!






НИСИ МАСА Македонија

НИСИ МАСА беше оформена пред шест години, во 2001, за да порасне во Европска мрежа на здруженија, броејќи 19 земји како свои членови. Националните здруженија во овие земји се состојат од млади професионалци, студенти и ентузијасти со една заедничка цел – Европскиот филм.

Главните цели на НИСИ МАСА се:
- откривање на нови таленти во областа на филмот
- гаење на Европската свест преку нејзината кинематографија
- развивање на крос-културални филмски проекти
- креирање на платформа за дискусии и соработка помеѓу младите во Европа кои се заинтересирани за филм

Ова е веќе втора година како НИСИ МАСА Македонија е членка на НИСИ МАСА. За време на минатата година, бевме под закрила на НВО наречена ПОГОН, но од неодамна, ние сме само НИСИ МАСА Македонија, надевајќи се вистина, вистина наскоро да бидеме и самите регистрирани како официјална НВО. Нашите цели се исти како оние на НИСИ МАСА здруженијата низ цела Европа, и се надеваме дека ќе работиме многу повеќе на достигнување на истите во следнава година.

Ако би сакале да стапите во контакт со тимот на НИСИ МАСА Македонија, или да се придружите на истиот, Ве молиме пишете ни на :


nisimasa_macedonia@yahoo.com, или

НИСИ МАСА Македонија
ул. Пролет бр. 12/6
1000, Скопје
Македонија

Ќе ги чекаме вашите писма, коментари и прашања.